Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин му „врти грб“: Не сака да се сретне со Ердоган на самитот за климатските промени во Париз!

Путин му „врти грб“: Не сака да се сретне со Ердоган на самитот за климатските промени во Париз!

Рускиот претседател Владимир Путин нема да се сретне со турскиот колега Реџеп Ердоган во рамките на меѓународната конференција за климата, која започна во Париз. Тоа го објавиле од Кремљ, цитирани од агенциите.

„Не е планирана средба со Ердоган“, изјавил портпаролот на претседателот Дмитриј Песков за новинарите.

Средбата беше побарана неколку наврати од Ердоган, откако турските воздухопловни сили го соборија рускиот борбен авион над сириската граница минатата недела.

По инцидентот Путин изјавил дека тоа може да доведе до „трагични последици“ во односите помеѓу двете земји. Руските власти побараа извинување за соборувањето на авионот.

Од Анкара тврдоглаво одбиваат да го направат тоа, според нив бомбардерот „Су-24“ влегол во турскиот воздушен простор за време на извршувањето на мисија во Северна Сирија.

Кремљ категорично го негира ова и руската влада веќе воведе економски санкции против Турција, со што се во прекин привремено големи заеднички проекти, и се ограничуваат трговските односи и туристичката размена.

Слично

Поврзани вести