Путин: Може да се разговара за увоз на возила Фиат од Србија
Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Белград рекол дека може да се разговара за овозможување на извоз на автомобили Фиат произведени во Србија, во Русија.
Премиерот на Србија Александар Вучиќ на почетокот на состанокот со Путин замолил Русија да го прифати извозот на возила кои се произведуваат во фабриката на Фиат во Крагуевац.
„Би ве замолил да ги прифатите возилата произведени во Крагуевац и да овозможите извоз на тие возила во Руската Федерација“, рекол Вучиќ на почетокот на разговорот со Путин, пренесуваат српски медиуми.
Путин рекол дека на маса се многу јаки теми, вклучувајќи ги и автомобилите.
Тој рекол дека дека може да се преговара за квотите за извоз на автомобили Фиат во Русија.
Рускиот претсеател рекол дека трговските врски се развиваат многу успешно.
За земјоделството, Путин истакнал дека за Србија е вистински момент да завземе добро место на рускиот пазар.
Руските инвеститори вложиле во Србија две милијарди долари и планираат да инвестираат уште милијарда, рекол Путин и потсетил дека НИС е еден од најголемите даноќни обврзници во Србија
Тој исто така рекол дека соработката на Србија и Русија може да се прошири и на високата технологија.
Вучиќ, кор разговорот го започнал на руски, истакнал дека е добра вест и за Србија и за Русија што е остварен раст во трговската размена помежу двете земји од 29,6 одсто и дека во првите осум месеци вредноста на таа размена изнесувала 2,20 милијарди долари.
Премиерот на Србија истакнал дека Србија денеска е единствената европска земја која може да извезува свинско месо во Русија и дека тој раст на извоз е „неверојатен“.
Тој на претседателот Путин му пренел дека Србија никогаш нема да го заборави учеството на советските трупи и човечки животи кои паднале за Србија денеска да биде слободна.
Слично
