Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин може да си дозволи целосно да го прекине извозот на гас во Европа

Путин може да си дозволи целосно да го прекине извозот на гас во Европа

Рускиот претседател Владимир Путин може да си дозволи целосно да го прекине извозот на гас во Европа. 

Неговата земја може целосно да го прекине извозот на природен гас во Европа повеќе од една година без да предизвика значителна штета на националната економија, објави Блумберг, повикувајќи се на стратези на „Капитал економикс“.

Русија би можела да го одржи извозот на гас во Европа на 20 отсто од нормалното ниво најмалку три години. 

„Годишното намалување на понудата од страна на Русија може да се случи „без негативни последици за нејзината економија“, рече Лиам Пич, еден од економистите во „Капитал економикс“.

Вели дека и покрај намалените количини, кварталната заработка на Русија од извозот на гас може да изнесува 20 милијарди долари.

Иако експертите предвидуваа мрачни сценарија, сепак Русија не доживеа банкрот поради западните санкции наметнати поради руската инвазија на Украина. 

Како што пишува Економист, три причини се главни зошто руската економија го издржа притисокот на западните санкции. Русија се спаси од економски колапс, пред сè, со комплетното делување на Централната банка.

Унгарија нема да преговара за енергетски санкции било да се работи за нафта или гас. 

Слично

Поврзани вести