Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин ќе ја посети Грција за важни проекти и клучни прашања

Путин ќе ја посети Грција за важни проекти и клучни прашања

Претседателот на Русија Владимир Путин ќе ја посети Грција на 27 и 28 мај, потврди пресслужбата на Кремљ.

Се очекува во текот на разговорите со грчкиот премиер да бидат разгледани клучните прашања за проекти во енергетиката и транспортот. Според локални вести на руски сајтови рускиот претседател ќе направи предлог за пренос на сино гориво по планираниот грчко-италијански гасовод. Пред два месеци беше потпишан меморандум меѓу грчката гасна компанија "ДЕПА", италијанската "Едисон" и руската "Газпром" за заживување на грчко-италијанската конектор врска, потсетуваат грчките медиуми.
Слично

Поврзани вести