Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин ќе ја посети Грција за која вели дека е важен партнер

Путин ќе ја посети Грција за која вели дека е важен партнер

Рускиот претседател, Владимир Путин утре ќе ја посети Грција.

Тој вели дека оваа година особено важно за двете земји е планираното одбележување на илјадагодишното присуство на руски монаси на Света Гора.

„Грција е важен партнер на Русија, со неа водиме динамичен политички дијалог на повеќе нивоа и во таа смисла и на највисокото. Ја почитувам вековната традиција на пријателство меѓу нашите народи. Заедничките културни вредности, православната култура и искрената взаемна симпатија се здрави основи на нашата соработка“- изјави Путин.

Путин зборува за можностите за натамошен развој на партнерските односи меѓу двете земји и ја потенцира клучната улога која Русија ја одиграла во извојувањето на независноста на Грција. Русија може да придонесе за рехабилитација на грчката инфраструктура во сферата на транспортот, додава Путин.

Слично

Поврзани вести