Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин ја повлекува војската од Сирија?

Путин ја повлекува војската од Сирија?
Рускиот претседател, Владимир Путин нареди да се повлече војската од Сирија, со образложение дека ја исполниле својата задача. Се очекува од вторник да почне повлекувањето на војската од Сирија. „Сметам дека задачата која е зададена на Министерството за одбрана и на вооружените сили во целост е исполнета, затоа му наредувам на министерот за одбрана од утре да почне со повлекувањето од главниот дел на Сирија“-рече Путин. Путин се надева дека оваа негова одлука, ќе влијае и другите сили да бараат мирно решение за сирискиот конфликт. И Русија ќе се ангажира за мирно решение. За ова е информиран и сирискиот претседател, Башар Ал Асад. Исто како Путин и тој се сложува дека прекинувањето на огнот, ги намалило крвопролевањата, а хуманитарната ситуација во земјата е подобрена. Асад се надева дека со преговори во Женева ќе се најде решение за Сирија.      
Слично

Поврзани вести