Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин: Искрено се стремиме да ги повратиме врските со Турција

Путин: Искрено се стремиме да ги повратиме врските со Турција

Москва се стреми „искрено да ги возобнови целосно односите со Турција“, коментира рускиот претседател Владимир Путин за време на разговор со претседателот на Казахстан Нурсултан Назербаев во Сочи.

Последната посета на Ердоган на Русија ја потврди меѓусебнaта желба не само да продолжиме, но и да ги развиваме нашите билатерални односи, коментира уште рускиот претседател, цитиран од прес-центарот на Кремљ.

Путин и Назарбаев разговарале и за прашања од билатералната соработка. Руските инвестиции во Казахстан се во вредност од 9 милијарди долари, а казакстанските во Русија - околу 3 милијарди долари, станува јасно уште од зборовите на рускиот претседател.

„Реализиравме бројни, многу сериозни, големи проекти, не само во областа на енергетиката“, рече тој.

Значителен дел од извозот на нафта од Казахстан поминува низ територијата на Русија. Русија пак се потпира на Казахстан за извозот на нафта кон Кина.

Слично

Поврзани вести