Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин и Вучиќ се договорија за испорака на гас

Путин и Вучиќ се договорија за испорака на гас
Рускиот претседател Владимир Путин ја прифатил молбата на српскиот премиер Александар Вучиќ за поповолни услови за испорака на гас. Со ова се решени несогласувањата што се закануваа да ја остават Србија без важниот енергенс. Путин и Вучиќ го договориле моделот на исплата на долговите, а рускиот претседател прифатил и начин за поповолна испорака на гас за три српски хемиски гиганти. Исто така, двајцата лидери се договориле да останат во редовен контакт за на партнерски и пријателски основи да ги решаваат сите прашања од заеднчки интерес. Путин, речиси веднаш по враќањето од воената парада во Белград, одлучи на Србија да и ја намали испораката на гас за 28% и побара исплата на 200 милиони заостанат долг до март следната година, по 50 милиони долари месечно. Ваквиот потег ја изненади Србија, затоа што земјата очекуваше до март да исплати само 100 милиони долари. Белград смета дека потегот може да има и друга позадина, затоа што Путин не бил задоволен бидејќи Србија ги преиспитува даночните олеснувања за Москва и приватизацијата на Нафтената индустрија на Србија.
Слично

Поврзани вести