Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин и Ципрас го потврдиле својот интерес кон соработка во енергетиката

Путин и Ципрас го потврдиле својот интерес кон соработка во енергетиката

Рускиот претседател Владимир Путин и грчкиот премиер Алексис Ципрас го потврдија во телефонски разговор интересот за натамошното интензивирање на соработката во сите насоки, вклучувајќи ја и енергетската сфера. Ова го соопшти прес-службата на Кремљ, цитирана од агенциите.

Рускиот претседател му честитал на лидерот на партија „СИРИЗА“ за победата на парламентарните избори во Грција и неговата инаугурација како премиер.

„Владимир Путин и Алексис Ципрас ја пофалија руско-грчката интеракција и го потврдија интересот за натамошно интензивирање на соработката во сите насоки, вклучувајќи ја и енергетската сфера“, забележува прес-службата на Кремљ.

Лидерите на двете држави се договориле да ги продолжат своите личните контакти.

Слично

Поврзани вести