Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН И ПОРАЧА НА ЕВРОПА: Да ја обновиме соработката, да се најдеме на пола пат!

ПУТИН И ПОРАЧА НА ЕВРОПА: Да ја обновиме соработката, да се најдеме на пола пат!

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика ЕУ да ја обнови соработката со таа земја.

Говорејќи на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Путин рекол дека Русија е спремна да излезе во пресрте, но напоменал дека тогаш и ЕУ мора да биде спремна на компромиси.

„На никој не сме лути и спремни сме да се сретнеме со европските партнери на пола пат. Меѓутоа, тоа никако не смее да биде еднострано“ , нагласил рускиот претседател.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/AnonyMiss_/status/743773984857088001?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Путин додал дека неодамнешните состаноци со германските и француски бизнис кругови покажале дека Европа е спремна и има волја да соработува со Русија.

„Политичарите мора да им излезат пресрет на претприемачите и да покажат знаење и флексибилност“, вели Путин.

Во почетокот на јуни, францускиот Сенат, горниот дом на парламентот, ја изгласал резолуцијата со која се повикува на постепено укинување на санкциите на Русија.

Многу европски претставници повикале на укинување на санкциите бидејќи сметаат дека од нив нема никаква корист, додека други уште не се предомислиле.

Слично

Поврзани вести