Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин и Ердоган разговараат за “Турски поток” денес

Путин и Ердоган разговараат за “Турски поток” денес
Претседателите на Русија и Турција Владимир Путин и Реџеп Ердоган ќе се состанат денеска во Азербејџан и веројатно ќе разговараат за "Турски поток", соопшти ТАСС. "Ако има доволно време, можно е да има размена на мислења за важни големи проекти од билатералната агенда" изјави за медиумите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. "Ќе биде доста важен состанок", истакна тој. Во почетокот на неделата Путин и Ердоган разговараа по телефон за заедничките енергетски потфати. Русија и Турција остануваат важни партнери во трговијата, економијата и инвестициите, рече Песков.
Слично

Поврзани вести