Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН И ЕРДОГАН ОЧИ В ОЧИ: Договор кој сите го чекаат

ПУТИН И ЕРДОГАН ОЧИ В ОЧИ: Договор кој сите го чекаат

Завршни договори за изградбата на гасоводот за руски природен гас преку Турција би требало да бидат завршени денеска.

Во Истанбул се среќаваат претседателите на Русија и Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган.

Според владини руски извори формулацијата за меѓувладин договор за изградба на гасоводот Турски тек во голема мерка е договорена.

Проектот кој Путин го најави во декември 2014 во текот на посетата на Турција предвидено е со гасовод по дното на Црното море гас да се носи до западната покраина на Турција, Тракија.

Една цевка со капацитет од 15,75 милијарди кубици ќе го снабдева турскиот пазар, додека други цевки ќе донесуваат гас во Европа. 

„Турски тек е многу значен проект кој на Турција ќе и овозможи директна испораа на гас, избегнувајќи ги транзитнте земји, а ќе даде и додатни количини на природен гас, за понатамошен развој на Турција“, рекол рускиот министер за енергетика Александар Новак.

Компанијата Гаспром соопшти во септември дека изградбата на гасоводот би можела да почне кој крајот на 2017 година ако меѓувладината спогодба биде потпишана во октомври, со цел изградбата да заврши до 2019 година.

Слично

Поврзани вести