ПУТИН ГО ПРИФАТИ ИЗВИНУВАЊЕТО: Турски тек повторно жив?
Водечкиот руски произведувач на гас Гаспром е спремен на дијалог за потенцијално обновување на проектот за изградба на гасоводот Турски тек.
„Гаспром секогаш беше отворен за дијалог со Турција и така е и сега“, изјавил официјален претставник на Гаспром, Сергеј Купријанов за агенцијата Тас.
Неговата изјава следи по повод потенцијалното обновување на односите на Москва и Анкара, откако претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му упати извинување на рускиот претседател Владимир Путин.
Ердоган му се извини на Путин поради соборувањето на рускиот воен авион од страна на турските воени сили во ноември лани.
Слично
