Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин ги укинува привилегиите за Србија?

Путин ги укинува привилегиите за Србија?

Доколку Србија нема јасно да го поддржи ставот на Москва во врска со украинската криза, претседателот на Русија, Владимир Путин е подготвен да стави рампа на соработката за слободна трговија, дознава српски курир.

Ова е една од непријатните пораки кои се на адреса на Александар Вучиќ во очи на неговата посета во Кремљ упатени со дипломатски канали.

Барање на ЕУ

Извор близок на српската влада тврди дека причина за ваквиот остар став на Москва треба да се бара во нивните дознавања дека Жозе Мануел Баросо при неодамнешната посета на Белград инсистирал на тоа Србија да воведе некоја од санкциите на ЕУ кон Русија.

- Барал да го забраниме влезот во Србија за педест руски државјани кои се наоѓаат на црната листа на ЕУ и Америка или нашата влада во форма на изјава да го осуди Кремљ, тврди соговорник за српски медиум.

- Во нерамноправна положба не става и долгот за гас, но и покрај тоа Премиерот од Путин треба да издејствува „украинска“ цена за гасот, односно 300 доларо за 1.000 кубика.

За економскиот експерт Младен Ковачевиќ и самото наговестување на воведување економски санкции на Русија е лоша вест.

- Инвеститорите кои доаѓаат во Србија исплаќањето на нивните влогови ги базираат на слободна трговска соработка со Русија и ако Москва поради условувањата од Брисел ја пресече и оваа гранка на која седиме, тогаш нема ништо од странски инвестиции - предупредува српскиот професор по економија Младен Ковачевиќ.

Слично

Поврзани вести