Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин ги менува другарите од КГБ со млади „волци“

Путин ги менува другарите од КГБ со млади „волци“
Владимир Путин полека се ослободува од најблиските луѓе во неговото опкружување со кои се познава уште од времете на тајната служба КГБ и на нивните функции назначува нови помлади „волци“ кои се подеднакво лојални. Експертите за политиката на Кремљ проценуваат дека Путин ја менува политичката клима, но немаат јасна претстава кој е вистинскиот мотив. putin kadri За едни Путин се подготвува за рани избори следната година, други пак сметаат дека апсолутниот владетел на Русија ќе се повлече во 2018-та, па сега остава простор на нови кадри кои ќе ја следат неговата визија. Сергеј Иванов, долгогодишниот шеф на кабинет кој има огромно искуство во КГБ е заменет со младиот Антон Вајано. Сменети се и шефови на одделите за финансиски криминал, борба со тероризам, миграција, царина и многу други. Блиските луѓе на Путин веќе создадоа огромно богаство и дел од нив водат раскошен живот, па сега му се потребни нови лидери кои ќе имаат мотив и пожртвуваност во тешкиот политички период кој и претстои на Русија.
Слично

Поврзани вести