ПУТИН Е КРИВ: Грешка која Западот ја плаќа 8 милијарди долари
САД, Европската унија и други западни земји губат во проесек 8,6 милијарди долари годишно поради тоа што не можат да пристапат на пазарот после воведувањето на руското ембарго.
Тоа го пресметало руското министерство за економија и развој.
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ на 6 август во 2014 година со кој се забранува увоз на земјоделски и прехрамбени производи од земјите кои и наметнаа санкции на Русија.
Анализата на руското министерство во очи на годишнината од ембаргото покажуваат дека годишниот пад на увоз во Русија од тие земји е речиси 93 отсто во однос на 2013 година или прецизно 8,6 милијарди долари.
„Може да се каже дека дошло до загуби и по рускиот пазар во смисла дека исто така во тие земји е намален и увозот од Русија“, соопштило министерството.
