Путин е горд на наталитетот во Русија и задоволен од економијата!
Задоволен сум од растот на руската економијa, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на својата голема прес-конференција на која присутни беа стотици руски и странски новинари.
„Економскиот раст од јануари до октомври е 3.7%. Тој е малку помал од минатата година, но мислам дека овој резултат е добар со оглед на рецесијата во еврозоната и стапките на раст во САД", истакна Путин.
Според него, другата причина за слабиот раст на руската економија доаѓа одвнатре односно, вели Путин, станува збор за лошата реколта која е драстично намалена во споредба со минатата година.
Путин се пофали со добри резултати во борбата со инфлацијата, која е една од најниските во последните десет години. Тој посочи дека просечната плата се зголемила за 8.8% за 2012, а исто така истакна дека инвестициите во основниот капитал се зголемиле, а раст бележи и преработувачката индустрија.
Тој рече дека позитивниот баланс на руската трговија достигна 164 милијарди долари за јануари-октомври. Државниот долг исто така е прилично низок околу 10%.
„На овој индикатор ја имаме една од најдобрите позиции меѓу развиените земји во светот", истакна Путин.
Посебна гордост за Путин е највисокиот показател за последните 20 години во делот на наталитетот. Тоа, вели тој, покажува дека луѓето почнале поинаку да гледаат на својот живот и кај нив пораснала довербата во државата.
Слично
