Путин бара да се зголеми потрошувачката на риба и морски плодови во Русија
Рускиот претседател Владимир Путин денеска на состанокот со членовите на руската влада на кој се дискутираше за развојот на рибарскиот сектор, нареди да се зголеми потрошувачката на риба и морски плодови во земјата.
На состанокот одржан преку видео обраќање, Путин рече дека eдно лице консумира околу 24 килограми риба годишно, пренесува РИА Новости.
„Во моментов, нивото на потрошувачка на риба и морски плодови во исхраната на општата популација заостанува зад нормата препорачана од нашето Министерство за здравство... Моментално имаме приближно 24 килограми по лице, треба да биде повеќе. Би сакал да го привлечам вниманието на сите колеги кои се вклучени во оваа работа на сите нивоа, ова е навистина многу важно системско прашање... Ве молам денес презентирајте конкретни предлози во оваа област“, рече Путин.
Како што е најавено, извештаи за развојот на рибарскиот сектор во Русија ќе презентираат раководителот на Федералната агенција за рибарство, Илја Шестаков, и гувернерот на Камчатската област, Владимир Солодов.foto EPA/ALEXEI NIKOLSKY / SPUTNIK / KREMLIN POOL
