Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУСТОШ ВО ГРЦИЈА: Се трага по исчезнати луѓе

ПУСТОШ ВО ГРЦИЈА: Се трага по исчезнати луѓе

Во Грција по силното невреме се трага по исчезнати луѓе. 

Три лица се водат како исчезнати откако силни ветрови и поројни дождови предизвикаа поплави во делови од земјата. 

Циклонот Зорба, почна вчера и најтешко ги погоди островот Евија, истокот на земјата и полуостровот Пелопонез. Државната телевизија објави дека на Евија исчезнале три лица и дека е покрената голема спасувачка операција кај градот Мантуди.

ТВ-снимките покажаа поплавени улици во пошироката област на Коринт и Пелопонез, додека огромни бранови удираат во крајбрежните градови во регионот. Во некои делови се регистрирани ветрови со брзина од 100 километри на час.

На удар на невремето би можеле да се најдат и северниот и централниот дел на Грција.

Температурите оваа седмица неочкувано паднаа до 10 Целзиусови степени. 

Минатата година 24 луѓе загина, а десетици останаа без домови во пороите кои ги девастираа две крајбрежни места западно од Атина.

фото ЕПА

Слично

Поврзани вести