Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пустош и неодговорени прашања останаа по престрелката во Куманово

Пустош и неодговорени прашања останаа по престрелката во Куманово

На жителите на населбата "Дива населба" во Куманово синоќа им беше дозволено да се вратат во своите домови.

Во изминатата ноќ пукање веќе немаше. А глетката по завршувањето на операцијата изгледа како вистинско бојно поле.

Убиени беа 22 лица - осум полицајци и 14 терористи. Над 37 вработени полициски сили се повредени. Триесетина од терористите се предадоа и во моментов се одржува распит.

kumanovo pustos1

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов изјави дека нема да биде дозволено зголемување на тензиите, дестабилизација на државата и на меѓуетничките односи. Иванов изјави ова по итна седница на македонскиот Совет за безбедност.

kumanovo pustos3

Претседателот ги повика граѓаните да покажат трпение и да не подлегнуваат на провокации. "Станува збор за екстремно насилно група, чија цел беше да предизвика дестабилизација на земјата. Информации за оваа група имавме уште во почетокот на годината и ги информиравме за тоа 17 партнерски служби на земјите од НАТО и регионот. Но размената на информации со цел превенција не даде резултат ", соопшти Иванов.

kumanovo pustos4

Експертите во Македонија сепак го поставуваат прашањето зошто службите им дозволија на терористите да се распоредат во Куманово. Како безбедносните служби дозволија група од стотина добро вооружени лица да влезат во Куманово и што правела Агенцијата за разузнавање и останатите служби, прашуваат експертите за безбедност по полициската акција во Куманово.

kumanovo pustos5

Според професорот Стефан Буджаковски безбедносните служби требало порано да реагираат, да преземат акција за да не дојде до распоредување, концентрирање на таква терористичка група во урбана средина.

kumanovo pustos6

Според експертите е уште повеќе чудно зошто службите не реагирале по настаните што укажува дека нешто се подготвува.

kumanovo pustos7

Откако имало информации, откако се случи "Гошинце", сметам дека не требаше да се дозволи овде да пристигнат вооружени групи, вели поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов.

(Фото „Кумановска Ратна Зона“ )

Слично

Поврзани вести