Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пуштена во употреба нова делница од автопатот Кичево-Охрид

Пуштена во употреба нова делница од автопатот Кичево-Охрид

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за транспорт Александар Николоски пуштија во употреба нова делница од автопатот Кичево - Охрид кај клучката кај охридскиот аеродром.

„Оваа Влада не го троши времето на изговори, туку работа. Еве овој автопат станува реалност. Но не е само ова дело.

За само година и половина ги ставивме во употреба:

Делницата Градско-Фариш од 25,7 километри;

Делницата Страцин-Крива Паланка од 25,5 километри;

Делницата Врбјани-Ботун од околу 20 километри.

Тоа се 70 километри нови патишта. Со оваа делница од Кичево-Охрид, бројката утре ќе достигне 87,5 километри. И тоа за нешто помалку од година и половина. 

Ова е 15иот месец откако оваа Влада е избрана. Тоа не се зборови, тоа се дела.“, рече Мицкоски.

Директорот на „Државни патишта“,Коце Трајановски,рече дека новата делница опфаќа должина од 17 километри.

„Сега имаме нови 17тина километри безбеден, брз и современ автопат, со вкупна широчина од 26,50 метри, а во оваа фаза завршени се градежните работи на два сегмента од автопатот А2 Кичево – Охрид:

Успешно се изведоа и се завршија сите работи благодарение на заложбите и работата на стручниот тим од ЈПДП, проектантите, изведувачите, подизведувачите, надзорите и сите вклучени во завршувањето на работите на оваа делница.

Инаку, во текот на изградбата се изведоа еден мост, неколку потпорни ѕидови, повеќе патни јазли, надпатници, подпатници и пристапни патишта – со што делницата доби современ изглед и сите елементи на модерен автопат“,истакна Трајановски.


Слично

Поврзани вести