Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пуштена во употреба реконструираната водоводна линија во Ростуше

Пуштена во употреба реконструираната водоводна линија во Ростуше

Денеска беше пуштена во употреба реконструираната водоводна линија во Ростуше, каде  министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески оствари средба и со граѓаните и со градоначалникот Мукрем Мехмеди.

 -Извршена е целосна реконструкција на водоводната мрежа, со тоа што еднаш засекогаш се решава проблемот со водоснабдување на ова населено место. Беше многу застарена мрежа која беше пред се од азбестни цевки, сега се ставија нови цевки, кои се посигурни и со тоа се минимизира бројот на дефектите и загубата на вода во мрежата. Со овој прокет се решава едно доглогодишно отворено прашање за жителите на Ростуше за што се инвестирани 8,5 милиони денари, средства од Европската ивестициона банка, изјави министерот Јанакиески, најавувајќи и други проекти со цел подобрување на условите за живот на граѓаните во целата држава.

За градоначалникот Мукрем Мехмеди, првиот човек на општината, ова е проект од исклучително значење, пред се од здравствен акспект на жителите и секкао навремено и редовно снабдување со здрава вода за пиење.

-Реализацијата на овој проект е резултат на многу добрата соработка на општина Маврово Ростуше и Министертството за транспорт и врски. Со пуштањето во употреба на оваа дистибиутивна мрежа се отрануваат азбестните цевки, стари педесеттина години. Покрај тоа предвидени се и други прокети кои ќе се реализираат во соработка со Министерството, истакна Мехмеди.

Министерот Јанакиески најави почеток на реалзиација на проектот за реконструкција и проширување на делницата Дебар-Бошков мост, што е дел од патниот равец Дебар-Маврово.

-Проекот за реконструкција и проширување на делницата Дебар-Бошков Мост е дел од нашата програма. Целокупната документација и елаборати се веќе изготвени и се доставени до Светска банка на одобрување, кои очекуваме да бидат одобрени до крајот на февруари и во почетокот на мај да почнат градежните работи, за што е предвидена инвестиција од околу 8 милиони евра, нагласи Јанакиески.

Слично

Поврзани вести