Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пуштена во употреба новата фабрика „Актива аутомотив“ во Штип

Пуштена во употреба новата фабрика „Актива аутомотив“ во Штип

Сто нови работни места се отворени во новата фабрика „Актива аутомотив“ во индустриската зона во Штип, која беше пуштена во употреба денеска. Планираната изградба на нови погони, според најавите, треба да овозможи дополнителни 200 вработувања, соопштуваат од кабинетот на Владата.

Во фабриката се произведуваат заварени склопени елементи за шасии за автобуси за потребите на белгиската „Ванхул“ која има производни капацитети во ТИРЗ „Бунарџик“ во Скопје.

Според вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, фабриката е резултат на претходната соработка со белгиската компанија „Ванхул“.

- Не отвораат нови работни места само странските компании, туку и како резултат на соработката со домашните компании се отвораат нови работни места и тоа не само во слободните економски зони, туку и надвор од нив, во овој случај во индустриска зона во Штип. За почеток се вработени околу 100, меѓутоа со изградбата на новите погони се отвора можност и за нови 200 вработувања, рече на свеченоста вицепремиерот Пешевски.

Сопственикот на „Актива“, Илија Николов истакна дека во новата фабрика која се простира на површина од 9.000 метри квадратни ќе се произведуваат автобуски шасии за белгиската компанија „Ванхо“.

Слично

Поврзани вести