Пуштен во употреба реконструираниот патен правец Маврово-Маврови Анови
Денеска министерот за транспорт и врски г. Владо Мисајловски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта г. Александар Стојанов и градоначалникот на општина Маврово и Ростуше г. Мукрем Мехмеди, го пуштија во употреба реконструираниот патен правец Маврово-Маврови Анови.
Патниот правец Маврово-Маврови Анови со должина од 6 километри е целосно афалтиран, санирано е свлечиштето и во тој дел се изврши проширување на патот. Вкупната инвестиција е 1,2 милиони евра, изјави министерот Владо Мисајловски, кој потенцира дека со овој проект значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот во овој регион.
“Веќе од следниот месец ќе започнеме со реконструкција на регионалниот пат Ново Село-Маврово-Жировница-Дебар во должина од 20 километри и инвестиција од околу 8 милиони евра, а од следната година ќе започнеме со изградба на делницата Граски мост –Извор. Генерално работиме непрекинато, влезени сме во еден инвестициски инфраструктуран циклус преку кој значително ќе ја подобриме патната мрежа во Република Македонија” изјави министерот Мисајловски.
Исто така, во рамки на посетата министерот Мисајловски изврши и увид на градежните работи на пешачката патека околу Мавровско езеро која изградба е во финална фаза. Должината на пешачката патека изнесува околу 2,5 километри со широчина од 2,5 метри, истата е хортикултурно уредена и осветлена, вредноста на целиот проект изнесува околу 8 милиони денари.


