Пушењето наргиле во Турција повеќе не е дозволено
Во Турција се стави забрана на древната традиција на земјата, пушењето наргиле на јавно место повеќе не смее да се практикува.
Ова е една од новите прописи на турската влада во борбата против пушењето. да се пуши наргиле на јавни места отсега е забрането, а за прекршителите на овој пропис им се заканува глоба, се вели во владината уредба објавена во службениот весник на Турција.
Забранаата за пушењето во Турција се актуелизира во 2009 година кога владата на премиерот Реџеп Таип започна борба против пушењето забранувајќи го на сите јавни места, барови, ресторани, кафулиња, наргилето беше забрането досега за помладите од 18 години.
Служење на наргилето во кафулињата се применуваше досега со овошни мешавини без или со малку тутун што ја разлутуваше санитетската инспекција која проценува дека таквото пушење е опасно. Експертите предупредуваат дека поради овошните ароми коишто ги испушта наргилето при користењето, нејзините поклоници забораваат дека пушат тутун, како и дека неговото користење е штетно. Имајќи предвид дека се пуши подолго од цигарата, наргилето се смета за уште поштетно.
Слично
