Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пушеле во затворен простор – казни за пет локали во тетовско

Пушеле во затворен простор – казни за пет локали во тетовско
Казни заработија пет угостителски објекти на подрачјето на Тетово, Мала Речица, Камењане и Синичане откако при синоќешната заедничка акциска контрола на полицијата и УЈП било утврдено дека во нив не се почитуваат одредбите од Законот за пушење. Според портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, при контролата биле забележани девет прекршувања на Законот за пушење од исто толку физички лица кои добиле покани за наплата на глоба. „Од страна на УЈП биле констатирани и други видови пропусти и прекршоци кои ќе бидат соодветно санкционирани“, вели Јосифовски. Ова е четврта ваква контрола спроведена во текот на изминатата недела во тетовско-гостиварскиот регион со цел да се спречи непочитувањето и кршењето на Законот за пушење во затворен простор. Казните за ова изнесуваат 150 евра во денарска противвредност за физичко лице и од 2.000 до 4.500 илјади евра за правно лице каде биле затекнати пушачите.    
Слично

Поврзани вести