ПУЛА ВО ПЛАМЕН-ИЗГОРЕА КУЌИ И АВТОМОБИЛИ, ЛУЃЕТО БЕГААТ: Гори на сите страни, сведочат пожарникарите
- Не можеме да разговараме, гори на сите страни - рекоа
пулските пожарникари во краткиот телефонски разговор за хрватските медиуми.
Изгорени се и некои куќи, луѓето се евакуирани, а локалните жители помагаат во гаснењето на пожарот, јавува „Глас Истра“ кој објави фотографии од изгорени згради и остатоци од изгорени автомобили.
Според информациите од Оперативно-комуникацискиот центар на Истарската полициска управа, поради пожарот се затворени за секаков сообраќај Премантурска цеста и патот од Винтијан кон Каштијун.
Според неофицијални информации, луѓето стравуваат дека
пожарот може да стигне и до куќите. Некои земале вредни работи од своите домови
и избегале, дознава „Глас Истра“.
Според последните информации, уште еден пожар избувнал во областа меѓу Медулин и Померанец, заради што беа активирани и два канадери за гаснење на пожарот.
Глас Истра“ пишува дека делови од градот останаа без струја, која исто така ја нема во делови од Медулин.
Според последните информации, се чини дека пожарот избувнал на трафостаницата во Валдебек.
