ПУКНА БАЛОНОТ НА ПИОМ: За дупката во Фондот директорот ги обвини Јавните претпријатија и МАПАС!
Министерството за труд и социјална политика формирало посебна комисија што ќе треба да изврши надзор врз законитоста на работењто на Фондот на ПИОМ.
Но, освен тоа, в.д директорот на Фондот за ПИОМ до понеделник треба да даде отчет за состојбите во институцијата. Тоа од него го побара министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски упатувајќи му писмен допис.
Во дописот на Ременски до в.д директорот Шаип Зенели, во таа се повикува на законот бара раководството на ПИОМ да наведе причина за нераспределување на средствата.
Освен тоа, Ременски бара и серија други одговори од Зенели, односно податоци за актите врз основа на кои Фондот за ПИОМ ги извршува функциите за потребите на задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, потоа се бараат информации за планирани средства од Буџетот за 2013, 2014, 2015 и 2016 година по основ на транзициони трошоци, пренесени обврски во наредна година, динамика на реализација за 2013, 2014, 2015 и 2016 гоина, и можни проблеми за навремена распределба на средствата во законскиот рок.
Се бара и износ на средства на неидентификуваната сметка во Фондот со состојба по години за 2012, 2013, 2014 и 2015 година, како и утврдени недоследности во податоците. Ременски бара да и се достават и податоци за износот на средства – пренесени придонеси на членовите на задолжителните пензиски фондови на сметките избраните задолжителни пензсики фондови кај чуварот на имот по месеци за 2012, 2013, 2014 и 2015 и 2016 година.
Фондот за ПИОМ ќе треба да достави и број на обврзници за плаќање на придонес за пензиско и инвалидско осигурување, но и опоис и функционирање на прописите поврзани со примање на придонесите за членовите на задолжителните пензиски фондови од обврзниците за плаќање на придонес за пензиско и инвалидско осигурување.
Се бара информација за опис и начин на срамнување на придонесите со податоците добиени од УЈП, АВРМ и МАПАС,како и информација за роковите за пренесување на придонесите на членовите задолжителните пеззиски фондови на сметките на иззбраните задолжителни пензиски фондови наа сметките на избраните задолжителни пензиски фондови по месеци за 2012, 2013, 2014 ,2015 и 2016 година.
Ременски бара одговор и за тоа како функционира компјутерскиот софтвер за распределба и пренесување на придонесите на членовите на задолжителните приватни пензиски фондови.
Фондот почна да се раздолжува
Државниот пензиски фонд почна да се раздолжува, објави телевизија Алсат-М. Вчера биле префрлени 4 милиони евра кон приватните пензиски фондови, а до крајот на јануари, ќе биде вратена целата сума од 11,3 милиони колку што изнесувал заостанатиот дел од долгот.
Ова за Алсат – М го потврдил директорот на ПИОМ Шаип Зенели. Тој не сакаше да зборува пред камера, но одговорноста за проблемот ја префрла кон фирмите и кон јавните претпријатија кои навреме не плаќале придонеси и со тоа се создала дупка, односно долгот. Зенели дел од вината ја префрли и кон агенцијата која го регулира работењето на приватните пензиски фондови – МАПАС, од каде, според него, навремено не се доставувале информации за членовите во приватните пензиски фондови.
„Станува збор за технички проблем. Првиот дел од проблемот беше затоа што навреме не ги добивавме придонесите за сите осигуреници. А, вториот дел од проблемот е затоа што агенцијата МАПАС навреме не ги пријавува, односно, не доставува информации за членовите на приватните пензиски фондови, “ тврди Шаип Зенели за Алсат – М.
Од МАПАС, пак ги демантираа обвинувањата на ПИОМ и тврдат дека тие редовно им доставувале информации и посочуваат дека уште во септември испратиле предупредување до Министерството за труд и социјална политика за проблемите, барајќи дека треба да се постапи според Законот.
Р.Ф.
Слично
