Економија, финансии, бизнис

Контакт

Завршни зборови на обвинителството во случајот „Монструм“

Завршни зборови на обвинителството во случајот „Монструм“

Денеска Обвинителството ги даде завршните реченици во судскиот случај „Монструм“ за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро, каде пред 2 години  убиени беа 5 лица, меѓу кои 4 млади момчиња, од Скопје.

За убиството обвинети се 6 лица, од кои двајца се во затвор во Косово.

Обвинителката Гешковска рече дека завршните зборови на обвинителство ќе бидат кратки како што беше и животот на убиените момчиња и брзи како што завршил нивниот живот, објави „24Вести“.

Сите од обвинетите негираат дека се виновни, но никој не изразил сочуство на семејствата на убиените ниту, пак, го осудил делото.

Тешки зборови и грозни мисли се слушнаа денес во судницата. Телевизијата „24Вести“ пренесе дел од пораката, според обвинителството, од убиството кај Смиљковско Езеро.

„Не е случаен денот Велики четврток 12.4.2012 година кога се случи убиството кај Смиљковци. Намерата била да се убијат само машки млади лица од македонска христијанска националност.

Пукаме на Велики четврток за да ви биде крвав Велигден. За да ви ја уништиме верата. Пукаме во машки млади луѓе за да ви ја уништиме нацијата. Пукаме во иднината на државата“ гласи пораката.

Целта, како што рече обвинителката Гешковска, е да се предизвика чувство на несигурност. За да не се повтори тој немил настан таа побара најстроги  казни за обвинетите, пренесе телевизијата.

Слично

Поврзани вести