Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХОРОР ВО БЕЛГРАД: Пукање во основно училиште во центарот на градот, ИМА МРТВИ И ПОВРЕДЕНИ

ХОРОР ВО БЕЛГРАД: Пукање во основно училиште во центарот на градот, ИМА МРТВИ И ПОВРЕДЕНИ

Во основното училиште „Владислав Рибникар“ во централната белградска општина Врачар утрово околу 8 часот и 30 минути дошло до пукање, јави Радио-телевизија на Србија.

Според првите информации има и повредени и починати.

Блокирани се приодите кон училиштето, полицијата и седум амбулантни возила се во училиштето.



Како што пренесуваат српските медиуми, утринава околу 8 часот имало пукање во основното училиште во Врачар, при што ученик од седмо одделение е застрелан на час, а убиен е чувар. Повеќе деца се повредени, потврдија за Б92.нет.

Медиумите јавуваат дека 14-годишно момче пукало во ОУ „Владислав Рибникар“. Од МУП ни потврдија дека се се случило на час, кога момчето извадило пиштол и почнало да пука.

Според неофицијални информации, едно момче и едно девојче се пренесени во Ургентниот центар.

Родителите доаѓаат во училиштето за да проверат дали нивните деца преживеале и да ги однесат дома на безбедно. Сите плачат, во неверување што се случи утрово.

Од друга страна „Телеграф.рс“ пренесува дека ученик од седмо одделение од тоа училиште дошол со пиштол и ги застрелал другарите. Прво го убил чуварот, а потоа продолжил со крвавиот пир.

Како што пренесуваат, има 8 повредени и многу деца кои лежат неподвижно на подот.

Наставничката која била повредена моментално е на операција, на Итната помош е примено и 13-годишно момче без свест.

Едно дете е подложено на итна операција.

Екипите за итна помош се уште пристигнуваат.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Слично

Поврзани вести