Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пукање пред седиштето на ПАСОК - повреден полицаец

Пукање пред седиштето на ПАСОК - повреден полицаец

Вооружени напаѓачи утрово во 6.20 часот, го нападнаа седиштето на политичката партија ПАСОК и полициската патрола пред зградата во Атина. 

Тие пукаа кон полицискиот автобус кој редовно стои и патролира пред седиштето на ПАСОК во квартот Ексархија. Според очевидци, нападот се случил кратко по смената на полициската патрола.

Во нападот е повреден еден специјалец, кој е пренесен на лекување во една од атинските болници. Пред седиштето се најдени три фишеци од куршуми, а полицијата и антитерористичката единица вршат истрага на местото на настанот за да се најдат сторителите.

Грчките политички партии го осудија настанот и испратија пораки за поддршка за повредениот полицаец.



Слично

Поврзани вести