Пукање на границата со Црна Гора, Косово не дава ни педа земја
Движењето Самоопределување го започна протестот пред државните институции во Косово кои треба да го ратификуваат договорот за демаркација на границата со Косово.
Демонстрантите извикуваат „Крадци во затвор“ и „Предавници“ алудирајќи дека со договорот Косово ќе загуби 8200 хектари што според нив е многу територија и е апсолутна штета врз државните интереси. Протестите засега се мирни, а е распоредено огромно полициско обезбедување со оглед на големите тензии изминатиот период.
Премиерот Хашим Тачи пак, посочи дека Косово апсолутно ништо не губи со договорот за демаркација и дека ова е следен чекор во потврда на независноста на земјата која добива меѓународно признание.
Српските пратеници во косовскиот парламент нема да учествуваат на расправата за ратификација на договорот за демаркација со Црна Гора бидејќи се против. На границата се случија и вооружени инциденти во селата на Мокра каде имало пукање од автоматско оружје.

Слично