Пукање меѓу мигранти во Софија
Полицијата штом пристигнала на лице место утврдила дека станува збор за пукање меѓу мигранти од Авганистан.
Околу пладне во блок 208 се слушнале истрели. Соседите виделе како четворица мажи напаѓаат со палки Сириец. За инцидентот приведени се четворица мажи и една жена. Мигрантите објасниле на полицијата дека дошло до тепачка, откако едниот од мажите пукал со гасно оружје. Пиштолот е пронајден и запленет, а во пукањето нема повредени. До тепачка и пукање дошло поради нерасчистени односи меѓу мигрантите. Нападнатиот живеел со семејството во блокот пред кој се случил инцидентот.
Ова не е прв ваков инцидент во главниот град на Бугарија. На почетокот на годината масовна тепачка меѓу мигранти имаше во центарот на Софија, во која три лица се здобија со убодни рани.
