ПУКАЊЕ ДИВО НАСЕЉЕ: Убиен 71-годишен татко, синот префрлен во болница
Кумановчани од познатата Дива Населба попладнево беа видно вознемирени од инцидент во кој жртва e 71 годишно лице.
Имено, според информациите кои ги пренесуваат дел од медиумите се работи за 71 годишниот Риза Р.А. кој е убиен , а неговиот син 30 годишниот Аднан со прострелни рани е тешко повреден и префрлен во болница и засега нема информации за неговата здравствена состојба.
Она што се знае е дека косовски државјанин Бекир.Н пукал во двајцата нив .
Нападот е извршен од огнено оружје, а Беќир влегол во автомобил БМВ со швајцарски регистарски ознаки и побегнал од местото.
Во тек е увид на МВР и јавен обвинител на местото на настанот, повеќе информации се најавени за подоцна.
Слично
