Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пукале во мигранти, повредиле деца

Пукале во мигранти, повредиле деца

Полицијата во хрватскиот град Задар спречила обид за шверцување емигранти, откако запреле комби со емигранти испукувајќи кон него повеќе куршуми.

Инцидентот се случил вчера околу 22 часот, а полицијата го сопрела комбито со емигранти благодарение на дојава, пишува хрватската агенција Хина.

Емигрантите се наоѓале во комби со странски регистарски таблички, а се претпоставува дека нелегално ја минале границата со БиХ.

Полицијата по дојавата поставила блокади со светлосни и звучни сигнали. Меѓутоа, возачот не сопрел туку продолжил да вози кон полицајците, поради што тие испукале повеќе куршуми во негов правец.

Тој  избегал од комбито во шумата, а во возилото се најдени 29 странски државјани од повеќе земји, меѓу кои и две деца со повреди од огнено оружје и повеќе лица повредени од опасното возење.

Полицијата соопшти дека децата се префрлени во задарската болница и не се во животна опасност.

Слично

Поврзани вести