Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУКАЛ КОН ДЕЦА СО ВОЗДУШНА ПУШКА И РАНИЛ ДЕВОЈЧЕ ВО КОЛЕНОТО: Уапсен 70-годишен загрепчанец

ПУКАЛ КОН ДЕЦА СО ВОЗДУШНА ПУШКА И РАНИЛ ДЕВОЈЧЕ ВО КОЛЕНОТО: Уапсен 70-годишен загрепчанец

Припадниците на полициската управа на Загреб завршија кривична истрага против 70-годишен човек поради сомнение дека сторил кривично дело загрозување на животот и имотот со општо опасно дело или средство, соопшти полицијата. Конкретно загрепчанецот пукал со воздушна пушка кон група деца.

-Мажот е осомничен дека во четвртокот на 13 јануари околу 18.30 часот во населба Трешњевка со воздушна пушка повредил малолетно девојче во потколеницата. По завршување на кривичната истрага, осомничениот е во притвор, а до надлежното обвинителство е поднесен посебен извештај, соопшти полицијата.


Слично

Поврзани вести