„Пуч“ повторно одложен, следно судење во ноември
Опозицискиот лидер Зоран Заев и денес не се појави на суд со што судењето за „Пуч“ се одложи и денес.
Следното рочиште судијката го презакажа за 13 ноември.
Како причина за не доаѓањето на суд од одбраната на Заев велат дека е средбата со италијанскиот амбасадор и со странски претставници на инвестициски фонд.
Ова е четврто одложување на случајот, а обвиниетиот се товари за а шпионажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи.
Во случајот „Пуч“ покрај Заев се обвинети се и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга, вработен во Општина Струмица и вработен во МВР.
Слично
