Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЦЕР: Владата 9 месеци нема платено придонеси за инвалидните организации

ПЦЕР: Владата 9 месеци нема платено придонеси за инвалидните организации

Надлежното министерство девет месеци доцни со исплаќањето придонеси за инвалидните организации, иако според правилник тоа треба да го направи во рок од 45 дена, реагираа од Партијата за целосна еманципација на Ромите.

,,Се доцни девет месеци, дали сте се запрашале како организациите работат без овие пари. Знаете ли колку претпријатија пропадна со ова законско решение, направете анализа, ќе се уверите. Излегувате пред јавноста на медиуми и се фалите дека ќе ги плаќате придонесите за оние што ќе бидат вработени како замената за жените што се на трудничко боледување, го ветувате тоа, а не сте расчистиле со старите долгови – вели Самка Ибраимовски, лидер на ПЦЕР.

Тој вели дека освен овие придонеси, Владата доцни со речиси сите парични дотации од државата. Тој ја спомна паричната помош која вели дека доцни три месеци, надоместокот за електрична енергија донцел пет месеци, а надоместокот за туѓа нега вели дека се добива со задоцнување од два до три месеци.

Слично

Поврзани вести