ПЦЕР прашува колку чинеше екскурзијата на Субрата Рој?
Партијата за целосна еманципација на Ромите реагира на потрошените пари за Субрата Рој.
Прашуваат колку чинеа роуд шоуата, организирањето забави, доаѓањето на Тони Блер, патувањата по Индија, организирањето вечери, ручеци, шетањето со брод по Охрид, земјиштето одземено од Ѓумајлија од граѓаните. „ПЦЕР бара од министерот за финансии, Зоран Ставрески да излезе со отчет и да каже колку пари се потрошени за екскурзијата со Субрата Рој кога се гушкаше и го пречекуваше на аеродоромот во Охрид. Затоа се потрошени народни пари. Ако ова не го направите ќе сметаме дека тоа се пари украдени од народот и дадени на Субрата Рој за да ги исперете парите преку него, но Господ е голем“ - велат од ПЦЕР.
Таканаречениот бизнисмен што има многу пари да излезе од затвор, затоа што секаде каде што правел вакви исти екскурзии излегоа на површина, додаваат од ПЦЕР.
