ПЦЕР повикува на протести против актуелната корумпирана власт
Партијата за целосна еманципација на Ромите ги повикува сите граѓани на Македонија, на протест.
Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи, Египѓани, Хрвати и другите коишто сакаат да излезат од ова лудило и криминал, да го искажат својот револт кон актуелната корумпирана власт, велат од партијата.
„Партијата исто така ги повикува своите граѓани во среда масовно да излезат поради тоа што Уставниот суд сака да го укине Специјалното обвинителство, сите заедно сме посилни затоа треба да излеземе и да си ја сочуваме државата од криминалци“- се наведува во соопштението.Од ПЦЕР велат дека нема време за чекање и сите мора да излезат на протест.
Слично
