ПРЖИНО СЕ СПАСИ: Кои се и како ќе функционираат новите министри и заменици?
Официјално пржинскиот договор преживеа, а лидерите задоволни го напуштија Клубот на пратеници.
Политичарите успеаја да се договорат после синоќешните маратонски преговори за преодна влада и најтешкото прашање како да функционираат министрите од опозицијата во таа Влада и замениците.
Она што е договорено е нов министер за внатрешни работи да биде Оливер Спасовски од СДСМ, додека во труд и социјала влегува Фросина Ременски од истата партија.
Кире Наумов настапува на позицијата заменик-министер за финансии, Љупчо Николовски заменик-министер за земјоделие, додека заменик-министер за информатичко општество и администрација е изберен Александар Кирацовски. Овие кадровски решенија ги предложи опозициската СДСМ и истите беа прифатени од владеачката гарнитура.
Опозицискиот лидер на прашањето како ќе финкционираат новите министри во преодната влада вели дека решението е најдено со тоа што ги преточиле формулациите на зборови од самиот Договор од 15 јули каде што се опишува дека заменикот министер, дополнителниот заменик министер имаат право на вето за сите финансиски, правни и човечки ресурси, коишто се однесуваат на организација на изборите.
„Исто така во законот е прецизирано дека министерот за внатрешни работи може да разрешува, распоредува, на исто ниво, на различно ниво, одредени раководни лица. Уште еднаш потенцирам, нашата интенција не е да ги смениме сите раководители, секако таму има професионалци, бараме пред се шанса да ја извршиме обврската за раководење со Министерството за внатрешни работи и со Министерството за труд и социјална политика. Сите сме на показ на јавноста, се надевам вие, новинарите, ќе `не следите во целиот овој период“, истакна Заев по напуштањето на Клубот на пратеници.
Лидерот на опозицијата Зоран Заев истакна дека „овој договор е нов почеток за Македонија и сите нејзини граѓани“.
Тој информираше дека се постигнати договори за сите спорни точки од решенијата, и истите закони денеска треба да се изгласаат.
Тоа значи за избирачкиот законик, за законот за свиркачите, за закон за заштита на приватноста кој стапува во сила веднаш, а ќе се применува после 6 месеци, период дозоволен и во кој треба да се изјасни Венецијанската комисија.
Груевски исто така изрази задоволство од договорот, и реле дека сега е на народот да одлучи.
Според премиерот Никола Груевски добро е тоа што СДСМ поставил истакнати партиски кадри на новите министерски позиции. Вака народот ќе може да види што е тоа политичка одговорност, како работат кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, а како тие на СДСМ.
„Нема да се затскрива зад божемни експерти, а повторно анонимни членови на СДСМ“, вели Груевски.
Со договорот Македонија има шанса да добие позитивна оценка во Извештајот за напредокот на земјите кандидати за членки во Еврпската унија кој ќе биде соопштен следната недела, најверојатно во вторн
