ПРЖИНО: Премногу оптимизам не е на арно?!
Премногу оптимизам не е на арно. А токму таков оптимизам деновиве провеја меѓу политичките партии во однос на решавање на македонската полтичка криза.
Најпрвин од ВМРО ДПМНЕ порачаа дека до петок ќе има договор за излез од статус кво ситуацијата, а таа информација неофицијално се потврдува и од СДСМ.
По враќањето на Ван Хојте од Брисел, пак познавачите лицитираат со можноста, ако не до петок договор за договорот од Пржино да има до крајот на неделата. Очигледно дека евроспкито притисок вроди плод, па се очекува многу брзо да се испрача и решението за нов министер за внатрешни работи. Иако проблемот не беше толку персонален колку во ингеренциите, се дознава дека ова ќе се реши со мини компромис, во кој сепак, европските приниципи на дејствување ќе бидат запазаени. Тоа е дека министерот ќе има доволно ингеренции за да може да го оформи и својот тим и да направи значајни промени во внатрешната структура на полицијата како би се создал независен орган што ќе може да учествува во креирање на атмосфера за фер и легални избори.
Другите две прашања за бомбите и за законот за свиркачи ќе се решат полесно. Она што мора да се разреши е избороот на тимот на Катица Јанева, за што веќе има согласност, но се чека да заврѓи играта на нерви со советот на обвинители. Поголем проблем е Уставниот суд кој се уште не се произнесува за ова прашање.
По ова на дневен ред доаѓаат медиумите, што ќе биде нов камен на сопнување.
Работата на Ван Хојте овде очигледно не е завршена. Така да, премногу оптимизам, може да значи и нереално гледање на работите. Зошто?
Затоа што кризата е од таков размер што вистинско помирување во македонското општетство на кус рок е речиси невозможно. И за ВМРО ДПМНЕ и за СДСМ овие избори се „ да се биде или не“, особено за владејачката партија, која ако ја изгуби власта е пред сериозна опасност наречена Катица Јанева. За СДСМ пак, нов пораз би значел дефинитивно збогување со шансите за враќање на власт и за нормализирање на партијата.
Слично
