Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пржино не се почитува, Хан доаѓа да ги „искара” преговарачите

Пржино не се почитува, Хан доаѓа да ги „искара” преговарачите

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан доаѓа во понеделник во Скопје за да ги одблокира преговорите, во кои заглавија нашите политичари.

Главниот спор настана откако Советот на обвинители го преполови тимот на јавната обвинителка Катица Јанева. Од 14 предложени обвинители за нејзиниот тим, таа доби само седум.

После ова, опозициската СДСМ излезе со изјава дека за партијата веќе не е активен договорот од Пржино и ја напушта преговарачката маса.

Портпаролката на еврокомесарот Хан, рече дека тој доаѓа за да се сретне со сите засегнати страни во договорот.

Таа рече дека Европската комисија будно ја следи политичката сцена во Македонија и дека партиите мора да се држат до распоредот и имплементирањето на точките од договорот.

Слично

Поврзани вести