ПРЖИНО НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ: Лидерска средба на полноќ за спас на преговорите
Вечерва на полноќ, политичките лидери во „ пет до 12" ќе го спасуваат договорот од Прижино.
Откако меѓународните претставници ги „искараа” нашите политичари дека не се придржуваат до договорот, експресно беше закажана средба на лидерите на четирите политички партии – Груевски, Заев, Ахмети и Тачи.
Деновиве посредникот Ванхауте имал одвоени средби со претставниците на сите партии. После тоа тој изјави дека е разочаран од ненапредокот на преговорите.
Новата лидерска средба е шанса за излез од ќорсокакот во кој се најде земјава, откако политичарите заглавија во преговорите.
Процесот на преговори беше прекинат во вторникот, откако страните не се договорија за техничката влада, главно за различните ставови околу надлежностите на министерот за внатрешни работи.
Најголем проблем за ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се министрите и замениците кои треба да бидат дел од преодната влада што треба да функционира до избори.
Друго прашање кои исто така ги кочи преговорите е законот за т.н бомби.
Посредникот Ванхауте деновиве изјави дека, ако за прашањата за кои роковите веќе истекоа не се постигне согласност до понеделник, преговорите ќе бидат прогласени за пропаднати, Македонија ќе се соочи со меѓународи санкции и изолација, и најверојатно ќе ја изгуби и препораката за почнување преговори за членство во ЕУ.
