Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пржино на стаклени нозе!

Пржино на стаклени нозе!

Судбината на Договорот од Пржино засега е неизвесна и во „клиничка смрт“!

Вака може да се опише пржинскиот процес во моментов.

Не може да се каже дека договорот е мртов, но сепак, Парламентот се распушти без да бидат исполнети двете најважни точки од него: регулирани медиуми и прочистен Избирачки список.

Засега многу прашања и негодувања ја копкаат јавноста...Што понатаму?

Ќе има ли нови пазарења меѓу политичките партии?

Дали на кризата ќе и се даде нова шанса, или сепак ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучат да оди на избори сами е прашање кое останува без одговор после синоќешното распушатање на Собранието и најавите за избори на 5 јуни.

СДСМ после оваа одлука, деновиве наскоро ќе работи на стратегијата и ќе и објасни на јавноста како ќе функционира понатака, како планира да ја врати демократијата во земјава.

„Не можам да кажам дали договорот од Пржино е мртов. Знам дека Парламентот се распушти без да бидат обезбедени минимум условите согласно договорот од Пржино. Тоа значи, без прочистен избирачки список, без регулација на медиумите и без разграничување на партијата од државата. Остануваат деновите пред нас, да се димензионираат сите политики пред нас, на опозицијата, но и на власта, согласно тоа сите можеме на крајот да извлечеме констатации и заклучоци“, изјави синоќа Заев.

Од владеачките партии по кажаното „збогум“ во досегашниот парламентарен состав молчат. Уште се без било каков коментар за последните настани.

Молчи и меѓународната заедница и неизвесно е дали ќе решат да ги пуштат низ вода досегашните напори во решавањето на политичката криза која во земјава, и тоа како се усложнува наместо да се поедноставува.

Слично

Поврзани вести