Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пржино ќе се прогласи за мртов, нов политички договор?

Пржино ќе се прогласи за мртов, нов политички договор?
Дали ќе има нов политички договор. Дали Пржино ќе се прогласи за мртов договор? Експертите и аналитичарите деновиве се со различни ставови. За едни договорот веќе доби неколку смртоносни рани, за други тој останува база за идните договарања. Се чини дека вистината ќе биде некаде на средина. Откако се виде дека германскиот тешкаш Хајндл ќе има инклузивен пристап во разговорите, а не робустен, што би се рекло, про европски, наспроти про американски станува се појасно дека во нарењдните недели па и месеци ќе се работи на нов договор, чија цел ќе бидат избори во април идната година, заедно со локалните. Во исто време се разбира ќе мора да се работи на Извештајот на Прибе, медиумите, избирачкито список. Тоа ќе подразбира и нова Влада, која веројатно ќе биде скроена по урнек на Пржинскиот договор, што од друга страна е лоша вест за опозицијата, откако се виде дека власта и покрај опозициските министри успеваше да одржи доминација. Но за тоа потоа. Сега, велат дипломатите е најважно целосно да падне аболицијата. Како тоа ќе се случи никому не му е јасно, особено што ВМРО ДПМНЕ и ДУИ го изгласаа законот за селективна аболиција. Дали на сцена ќе стапат странците со отворени закани за црни листи и санкции? Во оваа ситуација, тешко веројатно, бидејќи се чини дека старата дама се одлучи за мек пристап во разговорите и преговорите. Можеби сепак постои некој адут кој во овој момент не го гледаме. Шарената револуција на пример? Како и да е сево ова значи дека разрешницата на политичката криза ќе се крчка уште долго време, за полека полека да дојде до промени во системската поставеност. Контурите на излезот сметаат упатените ќе можат да се видат дури во септември или октомври, а целосното рекомпнирање на политичката сцена ќе биде долг процес. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести