Економија, финансии, бизнис

Контакт

Првпат по две децении – повеќе вработени од отпуштени!

Првпат по две децении – повеќе вработени од отпуштени!
Позитивна разлика на бројот на вработени и отпуштени од 3.151 лица, покажала анализата на Агенцијата за вработување за периодот меѓу 18 декември лани и 20 јануари годинава. „Секогаш се случуваше во декември, јануари и февруари да имаме стагнација и зголемување на бројот на невработени, а по март да има намалување. Овојпат е обратно, што е многу добра работа. Имаме 10.749 вработувања, но паралелно имаме 6.373 отпуштања, односно разлика во позитива од околу 3.000 новоформирани работни места“, вели директорот на Агенцијата Влатко Поповски. Според него, со тие бројки првпат по 20 години во Македонија има позитивна разлика во вработувањата и отпуштањата. И покрај изборите кои наближуваат, Агенцијата ќе продолжи да ги имплементира активните мерки за вработување, бидејќи за тоа вчера добиле официјално одобрение од Комисијата за спречување корупција. „Може да се продолжи со имплементација на мерките бидејќи не засегаат во изборната политика, односно Изборниот законик. В понеделник ќе биде објавен огласот за трите мерки што беа стопирани на почетокот на неделава, обуката за возачи за Д категорија, прва шанса за младите и обука и субвенционирано вработување. Подоцна ќе продолжиме и со практиканство, обука за познат работодавач и сите мерки што следат“, рече Поповски, кој апелир до невработените редовно да се пријавуваат во Агенцијата за вработување доколку сакаат да бидат корисници на мерките од оперативниот план за вработување. Анализите покажале дека голем број од невработените за контакт во Агенцијата оставаат неточни податоци за телефонскиот број и адресата. Поповски ги предупредува да си ги исправат, инаку во спротивно Агенцијата ќе поднесува прекршочни пријави за неточно наведени податоци во изјавата.
Слично

Поврзани вести