ПРВО ВО „ЧЕКАЛНА“: Еврозоната нема да се проширува во следните години
Во следните години еврозоната едвај ќе се прошири, откако еврото ja изгуби привлечната сила по почетокот на кризата.
Ова го изјави заменик-претседателот на ЕК Валдис Домбровскис, кој е одговорен за еврото и социјалниот дијалог, пренесе AFP.
"Во наредните години не се очекува проширување на еврозоната", иако сите земји од ЕУ се обврзаа со "обновата на единствената валута", изјавил Домбровскис во интервју за германски весник.
"Пред некоја земја да го прифати еврото, мора прво да го фиксира непроменливиот девизнен курс во однос на еврото. Овој механизам претставува чекални на еврозоната. Засега ниту една земја не ја презела оваа мерка со исклучок на Данска, која е посебен случај ", истакнал тој.
Домбровскис дополнил дека Романија и Бугарија изразиле интерес за влез во "чекалната" на еврозоната. Полската влада, пак, најверојатно ќе биде "резервирана" кон идејата, забележува тој.
"Пред пристапувањето кон еврозоната беше многу привлечно за новите земји од ЕУ. Со еврокризата тоа се промени, а со кризата во Грција резервите се засилија ", вели тој.
