ПРВО ТАТНЕЖ ПА ТРЕСЕЊЕ НА ТЛОТО: Во Загреб земјотрес неколку минути пред полноќ
Неколку минути
пред полноќ, тлото на Загреб повторно го потресе земјотрес, чиј епицентар беше
на десетина километри од центарот на градот, во близина на Запрешиќ, под
Медведеница.
Јачината на земјотресот била 2,2 степени според Рихтеровата скала, но и покрај послабиот интензитет прво се слушнало татнеж, а потоа се почувтвувало и тресењето.
Нема штета на станбените објекти, но новиот земјотрес повторно предизвика чувство на страв кај многу жители на Загреб, за кои ова е десетти посилен земјотрес во последната година.
Слично
