ПРВО СИ ЈА УБИЛ ПАРТНЕРКАТА ПОЛИЦАЈКА, А ПОТОА И СЕБЕ СИ - шок во Иванец откако беа пронајдени две тела
Во стан во Иванец Хрватска вчера биле пронајдени две починати лица, маж и жена, информираа од СВР Вараждин, пишува Индекс.хр. Полицијата ја добила пријавата околу 13 часот и 40 минути.
Порталот еВараждин неофицијално дознава дека постои сомнение за убиство и самоубиство во стан лоциран во една од зградите во центарот на Иванец. Наводно, станува збор за лица на возраст од 30-тина години, и двајцата биле полицајци.
Порталот Вараждинске вјести неофицијално дознава дека постојат сомневања оти мажот ја убил прво партнерката, а потоа и себеси. Полициската истрага утврдила дека двајцата починале од употреба на огнено оружје. Нивната врска и околностите на трагедијата се уште се истражуваат.
Истрагата утврдила дека смртта на двајца полицајци во Иванец вчера попладнето била предизвикана од огнено оружје, изјави вечерва заменик жупанискиот државен правобранител во Вараждин, Дарко Галиќ.
Началник на полицијата во Вараждин: Ваков трагичен настан не паметиме, шокирани сме
На насобраните новинари на местото на настанот кратко им се обрати началникот на полициската управа Вараждин, Предраг Бенчиќ.
„Ова е навистина трагичен настан, двајца полицајци ги загубија животите. Околностите се уште се утврдуваат, по истрагата ќе се знаат сите детали. Ова е настан кој не е запишан во историјата на СВР Вараждин и шокирани сме сите ние, сите колеги, затоа што ваков настан не се памети на просторот на нашата полициска управа“, изјави Предраг Бенчиќ.
Беше тоа невенчана двојка, порано се слушаа кавги од станот?
Порталот ЕИванец неофицијално дознал дека се работи за невенчана двојка и дека од тој стан порано се слушале кавги.
„Истрагата ја водат окружниот државен обвинител и полицијата“, рече Матко Муриќ, службеник за односи со јавноста во полициската управа Вараждин.
Локалниот портал ЕИванец јавува дека соседите слушнале два истрели и потоа пријавиле во полиција.
Полицијата наводно не можела да влезе во станот и побарала помош од пожарникари.
Полицијата потврди: Биле вработени во полиција
Од полицијата потврдија дека и двете лица биле вработени во СВР Вараждин.
Повеќе информации ќе бидат познати по истрагата.
Се појавија неофицијални информации дека се работи за убиство и самоубиство. Нема официјална потврда.
Фото: Принтскрин: Индекс.хр
